Фотогалерија од настани
слика
слика
слика
слика

ТВ емисија: 15-ти Саем на ловот и риболовот во Ниш

     На саемот - богата и ефтина понуда и за ловци и за риболовци, секако според македонските искуства...

    Инаку, претставникот на Спортскиот центар „Чаир“ од Ниш, господинот Мики Џорџевиќ, срдечно не пречека и не воведе во традицијата на саемското остварување. 

    На саемот, како посетители имаше многу македонци коишто беа од речиси сите градови од Македонија. Беа привлечени од евтините цени, но и производитте коишто не можат воопшто да ги најдат во Македонија. Можеби саемот е навидум мал, но, секако нуди многу повеке отколку продавниците во Македонија...

   

   

   

   

   

Почитувани, повелете линк за повеќе фотографии за саемот за лов и риболов во Ниш, 15-ти, јубилеен...на Facebook na Ilija Lovecko Oko Bojarovski во Албуми - фотографии, на линкот:

http://www.facebook.com/ilijaloveckooko.bojarovski

„7-ми Гран При Скопје 2013“ - меѓународен настан

 

ТВ емисијата од настанот „7-ми Гран При Скопје 2013“ меѓународен турнир во стрелаштво беше емитувана во еден од термините на ТВ програмата „Ловечко око“ на национаната ТВ „Телма“, по што ја објавуваме и на нашата веб страница:

Инаку, повеќе фотографии од турнирот имате на следниот линк:

http://www.facebook.com/media/set/?set=a.10201090669970122.1073741837.1269840479&type=3

 

„МКЛК – 2013“ - СПЕЦ. ИЗЛОЖБА НА ЛОВЕЧКИ КУЧИЊА

ТВ емисијата од настанот беше емитувана во еден од термините

на ТВ програмата „Ловечко око“ на национаната ТВ „Телма“.

             Фототографии од прекрасниот настан имате на Facebook na Ilija Lovecko Oko Bojarovski во Албуми - фотографии, на линкот:

http://www.facebook.com/ilijaloveckooko.bojarovski

     Инаку, „Македонскиот клуб за ловна кинологија“ од Скопје, како здружение по петти пат успешно ја организира изложбата на ловечки раси кучиња, на стадионот во скопската населба Влае, општина Карпош, покрај Вардар, во неделата на 14 април годинава.

    Тоа е настан којшто, евидентно, е двигател на ловно-кинолошката култура што го надополнува мозаикот на македонската современа општествена култура на живеење.

 

 

Практично, живот и смртта се во иста опција...

 

Безбедноста во авантуристичкиот туризам, авантурата во природа, како дел од  алтернативниот туризам во Светот

... Практично, животот и смртта се инволвирани во иста опција...

            Со развојот на општиот туризам се диференцираат и зајакнуваат гранките, деловите на тој туризам, што веќе во светот и се именуваат како туристички индустрии, како на пример Авантуристичката туристичка индустрија. Со тој развој неминовно се развива чувството за добивање, а и давање безбедност во рамките на понудените туристички аражмани од тој дел. Кога се оди надвор од домот секогаш може нешто неочекувано да се случи што би било опасност по здравјето или по животот на човекот.

Не постои апсолутна безбедност и гаранција за безбедност. Можеби и тоа е предизвик за многумина кои се одлучуваат за авантуристички туризам, во многунешто дел од алтернативниот туризам. Тој авантуристички туризам претставува и активен одмор што е се поактуелен во светот. Тоа, пак го наметнува прашањето на нивото на безбедност при таквиот активен одмор исполет со релативно опасни активности што носат возбуда.

            Познато е дека алтернативниот туризам надвор во природа е најинтересен во руралните краеви. Таквата лоцираност пак придонесува тешко да се обезбедува голем степен на безбедност на туристите што го практикуваат овој вид туризам, а особено авантуристичкиот туризам. Познато е дека авантуристичкиот туризам инхерентно носи ризик. Тоа практично значи дека ризикот е природно споен со таквиот начин на активен одмор, односно авантуристички туризам.

            Самото административно уредување на безбедноста при авантуристичкиот туризам донесува само можност за елиминирање на повеќето опасности и управување со ризикот. Свесноста дека треба да се даде акцент на безбедноста е можност повеќе да се елиминираат безбедносните грешки. Секако дека, на пример, конкртно во последните 5 години се направени многу безбедносни подобрување во авантуристичкиот туризам, но секогаш е потребно да се унапредува оваа област

 како што расте бројот на туристи коишто го практикуваат активниот одмор, авантура во природа.

Од 2011 во Светот туристичките оператори сериозно работеа за подобрување на безбедноста кај авантуристичкиот туризам. Па така, во мај 2012 беше создадена специјализирана веб-страница SupportAdventure.co.nz којашто ги третира и ги обединува безбедносните прашања и одговорите за тие прашања во овој дел од алтернативниот туризам. Вклучените содржини, коишто се еден вид сеопфатни безбедносни информации и совети, делуваа и како репер за операторите и регулаторите. Може да се каже дека сета таа содржина во сајтот дојде од авантуристичка туристичка индустрија и се користи од операторите во истата туристичка индустрија.

Практично во последните 5-6 години водечки светки туристички оператори тргнаа со работа, во еден интензивен процес да се создаде безбедност во авантуристичкиот светски туризам со насоки прилагодени за конкретни одредени активности при остварување на туристичките тури. Фактот што насоките на развој за поголема безбедност со авануристичкиот туризам се развиени во соработка со туристичките оператори дава за право да се каже дека тие насоки имаат поголема точност, веројатност за остварување и брзо прифаќање од страна на сите оператори. Концептот е во насока упатствата и прописите да имаат способност да се менуваат брзо во светлина на новите информации во рамките на овој динамичен туристички сектор.

            Коментарите за оваа нова област во авантуристичкиот туризам се различни. Дел се во рамките дека е ова одлична работа, а други велат дека сето ова е направено од каучот од пред телевизорот и нема врска со реалноста, освен да ги оправда грешките на одговорните. Практично, опонентите велат дека сите безбедносни правила и прописи се во насока на административна рамка на управувње без значајни санкции. Но, при таквата критика, се заборава дека тука не се размислува и не се креира во поглед на санкции при нарушена безбедност, туку за подобрување на безбедноста при практикување и остварување на авантуристичкиот туризам. Познато е дека во одреден момент,  колку и да се имаат правила и прописи и процедури за извршување на активности во природа, е секогаш можно работите „да се завртат однаопаку“. Но, тоа може да се каже дека е и нормален ризик кога туристот избира по сопствена волја што сака да направи со својот годишен одмор.

Тоа е и начин на живот. Практично, живот и смртта се инволвирани во иста опција. Важно е да не се заборави дека професионалноста значи сериозен обид да се преземат мерки за безбедност, а тоа ќе ја зајакне репутацијата на професионалецот и можеби и профитабилноста.

 

            Во тие рамки го имаме и ловниот и риболовниот туризам, што истовремено е и авантуристички туризам и дел од алтернативниот туризам.

 

ПРВА „СПИН ДРУЖБА МАВРОВО 2013“

 

ТВ емисијата од настанот беше емитувана во еден од термините

на ТВ програмата „Ловечко око“ на национаната ТВ „Телма“.

 

    На прекрасното Мавровско Езеро се одржа прв натпревар во лов риба со вештачка мамка влечена со трска. Учествуваа голем број риболовци. Организаторот ЗРСРК „Рибар 2011“ истовремено тој ден пориби 1.000 македонски пастрмки во Езерото...

         

     Иако рибата не работеше, заради студената вода, доброорганизираниот настан помина во прекрасна атмосфера, токму како и насловот на настанот „Спин дружба...“

     Повеке од настанот ке можете да видите од повеќето фотографии на веб-страницата кај организаторот, на фес-бук профилите кај риболовците пријатели, а и секако на Facebook na Ilija Lovecko Oko Bojarovski во Албуми - фотографии, на линкот:

               http://www.facebook.com/ilijaloveckooko.bojarovski

     Секако, почитувани, по емитувањето на ТВ репортажата на телевизијата „Телма“, ќе ја објавиме истата и во овој Наш и Вашпортал, а и риболовен интернет простор...

               - Бистро!

         


 


15-ти јубилеен саем „ЛОВ И РИБОЛОВ - Ниш 2013“

      Почитувани, повелете линк за фотографии, а наскоро и емисијата ке биде емитувана... за саемот за лов и риболов во Ниш, 15-ти, јубилеен...на Facebook na Ilija Lovecko Oko Bojarovski во Албуми - фотографии, на линкот:

http://www.facebook.com/ilijaloveckooko.bojarovski

 

     На саемот - богата и ефтина понуда и за ловци и за риболовци, секако според македонските искуства...

    Инаку, претставникот на Спортскиот центар „Чаир“ од Ниш, господинот Мики Џорџевиќ, срдечно не пречека и не воведе во традицијата на саемското остварување. 

    На саемот, како посетители имаше многу македонци коишто беа од речиси сите градови од Македонија. Беа привлечени од евтините цени, но и производитте коишто не можат воопшто да ги најдат во Македонија. Можеби ссаемот е навидум мал, но, секако нуди многу повеке отколку продавниците во Македонија...

СОБРАНИЕ НА МРФ ВО МАРТ 2013,...

 

... СОБРАНИЕ,... ПРВО ИЛИ ПОЛОВИЧНО!?... МАРТ 2013...

(Инаку, Тв емисијата прво (1) содржи прилог Средба на мушичкари од РМ, потоа (2) прилог Интервју со Чедо М. Димитровски и на крајот (3) прилог за Собранието)

Во Република Македонија, Македонската риболовна федерација – МРФ постои од 1952 година и со мали прекини секоја година одржува најмалку по едно собрание. Оваа година, неодамна во месец март, на собранието на МРФ повеќе  диболовни друштва го напуштија собранието. Меѓу нив беа и најголемите друштва од Република Македонија.

Веднаш, по оваа случка, се наметнува прашањето дали тоа е прво целосно или половично и нецелосно собрание во 2013... Во овој момент, нема да навлегуваме во детали.

Го имаме настанот – напуштањето на собранието и неговот продолжување - на собранието, како факт, како и секогаш кога присуствуваме на такви настани целосно. Тоа, секогаш кога следиме вакви и слични настани, го правиме целосно за да придонесеме за најдобро документирање на настанот за нашата архива, како сериозна ТВ продукција. Секако тоа, како придонес во колективната меморија,  е добро и важно и за историјата на риболовот во нашата убава земја. Но, потребни се и други факти за да се склопи, состави, сликата и сознанието за овој настан и за причиние коишто довеле до него. Тоа се надеваме дека ќе се направи во иднина, во насока на подобро заедничко чекорење на риболовните друштва кон прогрес на убавото и нема да биде сепаратистички обоено во ова време на делби.

 Ние ќе ги следиме настаните и ќе се обидеме интегративно да делуваме за прогрес на рекреативниот и спортскиот риболов во нашата земја, Република Македонија.

Тв емисијата прво (1) содржи прилог Средба на мушичкари од РМ, потоа (2) прилог Интервју со Чедо М. Димитровски и на крајот (3) прилог за Собранието на МРФ во март 2013...

 

1Хајка-Еребица-2Трајко-мушичкар-3-МРФ-најдобри-12

           Во сегашнава ТВ емисијата на нашата веб-страница има 3 содржини:

     1- Хајка 1 во 2012 на ЛД „Еребица“ од Скопје, 2 - Средба со Трајко Божиновски - мушичкар од Македонија и 3 - Најдобрите спортисти од МРФ за 2012 во спорстки риболов

  

       Следува целосната емисија со сите три содржини во ТВ програмата „Ловечко око“

 

 

.

6-ти Гран-при меѓународен турнир стрелаштво 2 дела

        

Дебрца - можност за алтернативен туризам во РМ

СПОДЕЛЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ЛОВНИ И РИБОЛОВНИ ПРИКАЗНИ

      „ЛОВЕЧКО ОКО“ Е ОТВОРЕНО ЗА ВАШИТЕ ЛИЧНИ РЕКОРДИ, ПРИКАЗНИ И ДРУГИ ИНТЕРЕСНИ СТОРИИ... во посебна рубрика во ТВ и „Веб“ изданијата: Лични ТВ авантури во природа...

        Затоа, Вашите ловни, риболовни, „офф-роуд“ и други приказни при престој во природа, односно интересни авантури во природа, праќајте ни ги како тект и фотографии на една од нашите електронски адреси:

    ilija_boj@yahoo.com    и      ilija.bojarovski@gmail.com

  Mожете и да не контактирате и на телефонскиот број (како и за емисијата „Ловечко око“): +389 -   (0)70-801-501, 070-226-058, а и на "Феисбук" (Facebook: Ilija Lovecko Oko Bojarovski  и Ilija Lovecko Oko Bojarovski Two)

ЧЕСТИТКА...

 

Од МКЛК благодарница по повод 5 год. јубилеј

                     Македонскиот клуб за ловна кинологија - МКЛК, додели Благодарница на Независната продукција БОЈАРОВСКИ  и на ТВ програмата Ловечко око по повод 5-годишниот јубилеј на Клубот. 

 

              Чест е да се добие благодарница од ентузијасти кои за овој петгодишен период, сега јубилеј, веќе ги имаат согледано работите и состојбите и почнуваат ги вреднуваат нештата... па, со конкретни реализирани активности ја остваруваат својатаа мисија во општеството за покрај ловечкото и индивидуалното да се негува и клубското и државното. Истовремено создавајќи простор каде што познанството прерасснува во пријателство. 

  

- СО ДОБАР ПОГЛЕД!

4х4 Џип тури во Македонија: Битола... Мариово...

              1 дел - емисија                                                            2 дел - емисија

        

4х4 Џип турнеи во Македонија: Кичево... Бистра...

    Кичевчани се одлични ловци, познавачи на својата земја и другари кои сакаат да ги споделат убавите работи со сите добронамерници...

     Во случајот, односно настанот којшто го проследивме, а го организираа кичевчани, тоа беа многу ловци, риболовци и љубители на природата, а и на 4х4 теренците, кои се одѕваа на поканата да учествуваат на Џип турнеја - Убавините на Бистра.

    Практично тоа беше еднодневно заедничко друѓење и организирано разгледување на македонските кичевски убавини, 120 километри „оффруд“ групно возење со околу стотина џипови и педесетина моторцикли...

     Интересен настан...      - Со добар поглед!

ИНФО ЗА ТВ СОРАБОТКАТА ВО 2013...

ИНФО ЗА ТВ СОРАБОТКАТА ВО 2013...

    ... Од 2009-та ТВ програмата оди на еден македонски, а од крајот на 2012 и на еден американски сајт и на еден интернет видео канал, покрај ТВ емитувањето на нациналната ТВ Телма и на другите локални и регионални ТВ во Македонија...

     Објавувањето, на Ваш пригоден материjал или линк, на македонскта веб страница не се наплаќа кога компанијата има годишна соработка со ТВ програмата...

ИНФО... Линковите за кажаното се:

 http://loveckooko.com.mk/

http://www.huntingfishingliving.com/
http://www.youtube.com/feed/?feature=guide

Ценовникот на нашата

специјализирана видеопродукција е познат во последните најмалку 15-ина па и да се пофалиме, 20-ина години...

Инаку, за тие компании кои имаат прекин во соработката со Ловечко око од половина или 1 година попустите, што ги имале пред прекинот, веќе не важат. Но, има други поволности, кои до сега ги немало, при компензирањето....

Прво се прави договор за соработка и за авнсирање на средства за продукција.

Соработката од аспект на продукциски ангажман за  продукцијата се дели на 4 дела:

1 - СНИМАЊЕ,

2 - МОНТАЖА/ЕДИТИРАЊЕ,

3 - ЕМИТУВАЊЕ/ОБЈАВУВАЊЕ И

4 - СПОТ МАРКЕТИНГ СОРАБОТКА.

1 и 2 - Еден ден снимање (настан до 8 часа траење) со тим од новинар/уредник и камерман или само еден човек чини 250 евра, монтажата исто толку, со тоа што за повеќе од 3 дена монтажата се пресметува 50 проценти од договорениот ден снимање. Материјалот, како и оргиналниот и монтираниот материјал е во сопственост на нарачателот, а Ловечко око ја врши само професионалната услуга за профи ТВ документирање на настанот и, нормално, автоматски не го емитува, односно не го објавува  настанот... Нели, како што е познато емитувањето, објавувањето, е трета, односно друга работа и тоа се договара посебно...

3 - Може да се договори учество и емитување во ¼, во ½ и во 1/1 емисија со емитување монтиран и едитиран материјал од веќе снимен видеомареијал, Тоа за во ТВ програмата Ловечко око се договара посебно. Во некои случаи за таквото ТВ емитување се изразува само јавна благодарност, благодарница кон,за Ловечко око и слично.

Емитувањето спотови во Маркетинг блоковите е посебна работа... Генерално, за годишна соработка за емитување спотови има повеќе варијанти, при што годишната соработка претпочита вредноста на 1 секунда да е 4 евра.

Инаку, моментно, како што кажавме, објавувањето на македонскта веб страница оди гратис ако компанијата соработува со ТВ програмата...

... Од 2009-та ТВ програмата оди на еден македонски, а од крајот на 2012 и на еден американски сајт и на еден интернет видео канал, покрај ТВ емитувањето на националната ТВ Телма и на другите локални и регионални ТВ во Македонија...  

    Објавувањето, на Ваш пригоден материjал или линк, на македонскта веб страница не се наплаќа кога компанијата има годишна соработка со ТВ програмата...

Линковите за претходно кажаното се:

http://loveckooko.com.mk/
http://www.huntingfishingliving.com/
http://www.youtube.com/feed/?feature=guide

Авторското едитирање на материјалите, секако ќе се остварува според Законот за радиодифузија, Законот за македонски јазик и со другите закони од/за оваа ТВ продукциска област...

Поздрав

- Со добар поглед!  и    – Бистро!

 

Обука за работа, напредок и за заработка!

Здраво и се надевам дека сте во добро расположение...

Би сакал да споделам со Вас информација за Обука за работа, напредок и за заработка, поточно за:Обука за 4 вештини за Ваш напредок и за зголемување на Вашиот приход, заработка!  

          Посетителите навистина ќе уживаат во обуката и дружењето!  
          Секој ќе научи сам да го прави тоа, работи кои ќе Ви прават голем приход, секој месец се повеќе и повеќе...
Практично, обуката овозможува, како што поговорката  вели, Секој да биде волк и сам да може целосно да си ја врши работата имајќи контрола над целиот процес на работа, а не само да има диплома...! Конкретно, посетителите на обуката од аматери ќе имаат шанса да станат полупрофесионалци, а потоа самостојно и независно и да напредуваат и во работата и во заработувачката...Во обуката е вклучено:  

1-   Обука за основите на односи со јавноста – конкретно со акцент за говор пред камера со сите потребни вештини за ТВ или радио водители/водителки или портпароли (обучувачот е магистер по односи со јавноста и над 20 години е присутен во ТВ етерот во Македонија и во Свет со своја продукција);

2- Избор на основна техника, средства за работа (камери, микрофони, компјутери за монтажа);

3Обука за основите на снимање видео и аудио материјал за видео приказни, клипови, емисии, а и за режија на терен, согласно сопствената замисла и профилација и според медиумскиот простор каде ќе се емитува видеопродуктот и со глобален стори-борд и режија пред снимање, за време снимање и при монтажата, едиктирањето;

4- Обука за основите на видео и аудио  АБ-рол и Нелинеарна –дигитална монтажа, односно уредување, едитирање на материјалот во готов медиумски продукт, прилог, блок прилози, видеоемисија. (дел што индивидуално се профилира и се остварува на веб страница, ТВ,  преку ДВД-дистрибуција и слично).Обуката се изведува и со соодветна техника (камери, микрофон и компјутер за видеоедитирање), а секој може да си земе своја преносна опрема  ако сака (камера, лаб топ). Трае од 4 до 6/8 недели  во термините во  среда  и во четврток од 19.30 до најмногу до 23.30 часот, во зависност од конкретната група . Групите се формираат  од 3 до најмногу 6 посетители на обуката.          Секој ќе научи сам да го прави тоа, како и да развие комплетен личен медиумски профил преку свои лични медиумски продукти кои привлечат ќе има купишта верни и редовни посетители и работа што ќе ви прави голем приход, секој месец се повеќе и повеќе...НАПОМЕНА: Не се работи за Multi-Level Marketing, туку за вистинска работа и лично оспообување за подобар бизнис! 

 

Веќе неколку луѓе ја завршија обуката и се на пат да си го променат животот и конечно да добијат приходи што не зависат од локалната беспомошна ситуација! 

 

 И на крај, јас, Илија Бојаровски, Ве поздравувам и Ви гарантирам, како долгогодишен автор, уредник, продуцент и експерт за односи со јавноста, дека тие коишто ќе ја совладаат оваа Обука за работа, напредок и за заработка 

 ќе се стекнат, покрај другото и со вештини и способности и за работа во било кој електронски ТВ, Радио, Веб, а и Прес-печатен медиум или пак свој дистрибутивен медиумски носач.

Секако, по обуката, на тие кои ја завршиле обуката лично им стојам и на располагање, согласно нивното и моето време, за совети, консултации, за поткрепа на проекти, а и за тематско дружење.

Поздрав,

Ви благодарам за вниманието и пријатен ден...

Со најубави желби,  Илија Бојаровски

-------------------------------------------------------------------------

Контакт: 070-801-501, 070-22-60-58

и „и-меил“: ilija.bojarovski@gmail.com   I    ilija_boj@yahoo.com

 

 

 

Несекојдневна приказна за ловечко-доктор. хуманост

 

огласи донации